Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Шаини- Да беше женами со која имам две деца ,таа што сакаше да ме убие нема никогаш да живеев со неа

Zekirija2.jpg
300x250 opst2

Три дена откако го погодија со три куршуми, докторот на скопската Клиника за пулмологија и носител на советничката листа на ДУИ во Општина Липково, Зекирија Шаини, денеска пред новинарите се заблагодари на сите што биле со него во овие моменти. Ги отфрли тврдењата дека зад обидот за убиство стои неговата жена.

„Изјавувам пред јавноста дека немам никакво сознание за мотивите на овој атентат, немам нерасчистени сметки со никого, не сум нарушил ничиј живот, приватност или нешто друго. Целосно ги отфрлам како неосновани и невистинити тврдењата дека зад ова дело стои мојата сопруга Арјета Адили. Затоа итно барам од истражните органи да ја разјаснат ситуацијата со мојата сопруга која е вмешана во овој случај од нивна страна, почитувајќи ја нашата семејна приватност, а особено имиџот на госпоѓата Аријета Адили. Овој случај за жал се преставува со јасна намера за моја дискредитација и на моете семејство како и создавање збунетност и заблуда во јавноста, изјави Шаини.


Тој исто така побара истражните органи да го откријат вистинскиот осмоничен за инцидентот, а случајот да не го преставуват како сеемен спор, бидејќи ако би било така како што беше претставен, Шаини вели дека никогаш не би живеел со својата сопруга со која има две деца.

„Овој случај, за жал, се претставува со јасни намери да ме дискредитира мене и моето семејство и да создаде конфузија во јавнотоста. Ги молам органите за спроведување на законот и истражните органи да се справат со откривањето на вистинскиот осомничен во случајот и да не го претставуваат овој случај како спор или семеен спор, бидејќи ако беше така како што беше претставен на пошироката јавност, тогаш никогаш немаше да живеам со дотичната дама. Фала му на Бога, госпоѓата и моите две ќерки се живи и здрави во мојот дом во село Слупчани“,рече Шахини.

До политичарите апелираше да не го злоупотребуваат случајот за политички поени во време на предизборна кампања.

„Уште еднаш ги молам органите на прогонот да се справат со откривањето на вистинскиот сторител на овој атентат, ставајќи ја мојата соработка на располагање секогаш кога ќе се појави потреба за разјаснување на овој случај, бидејќи самиот сум лично заинтересиран ова прашање што поскоро да добие епилог и вистината да излезе на виделина. Исто така, апелирам до политичарите кои брзаат да го претстават овој случај пред надлежните органи како семеен спор, не само мојот случај, туку сите такви случаи, да не го гледаат во светлината на добивање политички поени во овој момент од предизборната кампања по повод локалните избори“,додаде Шахини.

Извор: 360 степени

Можете да прочитате

Мицкоски: СДС ќе доживеат дебакл на локалните избори, наместо програма и проекти нудат демагогија, навреди и црна кампања

Филипче од Гази Баба: Мицкоски сака негово судство, СДСМ нема да дозволи нови тефтерчиња од Белата палата

Мицкоски до Филипче: Професионално ли е што судот на Марковски за стомилионски криминал му дава куќен притвор