Утрински Весник
Спорт

Шабани најавува триумф на Струга ТЛ, дербито Шкупи – Шкендија се игра во Кичево

Шабани најавува триумф на Струга ТЛ, дербито Шкупи – Шкендија се игра во Кичево

Започнува пролетната полусезона во Првата фудбалска лига, а лидерот на табелата Струга Трим Лум гостува во Кавадарци. Капитенот Буњамин Шабани најавува дека тимот посакува три бода од дуелот со Тиквеш.

dobivaj vesti na viber

„Подготвителната фаза во Анталија помина многу добро. Натпреварот со Тиквеш е многу важен за нас. Го почитуваме противникот, бидејќи се работи за квалитетна екипа, но за нас најважни се бодовите. Ќе дадеме сè од себе за победа во Кавадарци“, вели Буњамин Шабани.

Дербито се игра во Кичево, каде Шкупи поради суспензијата ќе ја пречека Шкендија во меч без присуство на публика.

Натпреварите од Првата лига почнуваат од 14 часот, а се среќаваат: Тиквеш – Струга ТЛ, Шкупи – Шкендија, Победа – Работнички, Македонија ЃП – Академија Пандев, Брегалница – Скопје.

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина