Утрински Весник
Македонија

Шаќири: Не лесно да се донесе одлука за целосна онлајн настава, некои училишта не добиваат закани

Шаќири: Не лесно да се донесе одлука за целосна онлајн настава, некои училишта не добиваат закани

Министерството за образование заедно со останатите институции прави анализи по последните масовни дојави за бомби во училиштата и проблемите со платформата за онлајн настава за да се донесат нови препораки.

dobivaj vesti na viber

Министерот Јетон Шаќири вели дека се разгледува можноста наставата целосно да оди онлајн, но таква одлука е тешка за донесување.

„Не брзаме да ја донесеме таа одлука. Не е лесна одлука, ќе треба да бидат опфатени и основните училиштата. Дел од училиштата немаат мејлови но добиваат закани, мејловите се испраќаат во една група кај сите и според податоците добиени од МВР се реагира и во училиштата кои не го отвориле мејлот. Затоа велам дека одлуката за целосна онлајн настава во моментов не е лесно да се донесе заради тоа што не се знае кои ќе бидат последиците во другите градови и во другите основни училишта. Ако е целта тоа на тие што ги дојавуваат бомбите, мислам дека нема да се донесе таква одлука толку лесно“, рече министерот Шакири.

Тој објасни дека заедно со безбедносните институции посебно го разгледуваат електронското комуницирање оти мејловите не се законска и задолжителна комуникација со институциите, но за тоа да се потврди треба да се изјаснат безбедносните органи.

Можете да прочитате

Обвинителство ќе организира средба со родителите на загинатите во Кочани

Последни подготовки за отворање на рехабилитацискиот центар на Пониква

Во Владата има „српски свет“ кој промовира руски наративи – велат од ДУИ