Утрински Весник
Свет

Северна Кореја распореди мистериозни објекти околу потопениот воен брод

20250531192005 big 730x400 54.webp.webp

Сателитските снимки откриваат дека Северна Кореја распоредила објекти кои наликуваат на балони околу оштетениот воен брод, кој минатата недела неуспешно беше претставен. На снимките се гледа како бродот, тежок 5.000 тони, е делумно потопен, а околу него има распоредено бели објекти, најверојатно за негова стабилизација или заштита од извидувачки дронови.

Најновиот севернокорејски брод разорувач на претставувањето на 21 мај, на кое беше присутен и севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун, имаше дефект, крмата предвреме вплови во морето и смачка дел од трупот.


Ким инцидентот го оцени како криминален чин и го повреди достоинството на Северна Кореја. Тој нареди бродот да биде поправен до крајот на јуни.

Поради инцидентот приведени се четири лица, меѓу кои и главниот инженер на бродоградилиштето. 

Можете да прочитате

Објавен транскрипт од разговор меѓу Сијарто и Лавров 

Трамп: Ако има договор, сами ќе го земеме збогатениот ураниум

Здружение од странски компании во Украина обработуваат 275.000 хектари земја