Утрински Весник
Свет
Img 7972

Северна Кореја предупреди на целосно уништување на непријателот во случај на војна

Severna Korea.jpg
Img 7972

Северна Кореја се обврза на „тотално уништување“ на своите непријатели во случај на војна кога лидерот на земјата Ким Џонг Ун ќе издаде таква наредба, јави денеска државната новинска агенција КЦНА.

Високи воени функционери, вклучително и полковникот Ри Ун-рионг и командантот на морнарицата Јо Кјонг-сон, ги дадоа изјавите поради, како што наведува државната агенција на Северна Кореја, „растечката омраза“ кон САД и Јужна Кореја на состанокот на кој присуствуваше и Ким по повод 71-годишнината од примирјето во корејската војна.

Северна Кореја и САД немаат дипломатски односи, а преговорите за намалување на тензиите и денуклеаризација на Северна Кореја се во застој од 2019 година.

Државните севернокорејски медиуми неодамна посочија дека тоа не се очекува да се промени без оглед на тоа кој ќе биде избран за шеф на Белата куќа.

Иако Пјонгјанг ги обвинува САД и Јужна Кореја дека се решени да предизвикаат нуклеарна војна по секоја цена, севернокорејските воени претставници ветија дека ќе ја зајакнат воената ефикасност за да извршат „сеопфатен напад врз непријателот во секое време и без одлагање“ за целосно да го уништат кога лидерот Ким Џонг Ун ќе издаде таква наредба.

Северна Кореја потпиша договор за примирје со САД и Кина на 27 јули 1953 година, со што заврши тригодишната војна.

Можете да прочитате

Удар од гром може да биде оправдана причини за доцнење на авион, оцени Судот на правдата на ЕУ 

Тинејџер од Македонија повторно осомничен за терористички планови во Австрија

Трамп вели дека ќе се сретне со Путин во Унгарија за разговори за Украина по „многу продуктивниот“ телефонски разговор