Утрински Весник
Магазин

Сестрата на Сандра Булок вели дека актерката се грижела за Брајан Рeндл во текот на неговата болеста

Сестрата на Сандра Булок вели дека актерката се грижела за Брајан Рeндл во текот на неговата болеста

Џесин Булок Прадо, помладата сестра на холивудската ѕвезда Сандра Булок, се сеќава на Брајан Рeндл.

dobivaj vesti na viber

Во понеделникот беше објавено  дека Рeндл, долгогодишниот партнер на Сандра Булок, починал по тригодишна битка со АЛС (амиотрофична латерална склероза), а сестрата на актерката се огласи на „Инстаграм“ за да му оддаде почит на починатиот фотограф.

„Убедена сум дека Брај го најде најдоброто место за риболов на небото и веќе го фрла својот мамец во брзите реки дружејќи се со лососи“, напиша Булок-Прадо покрај насмеаната фотографија на Рендл.

„АЛС е сурова болест, но има одредена утеха во сознанието дека имаше најдобри негователи – мојата неверојатна сестра и групата медицински сестри што таа ги собра за да ѝ помогнат да се грижи за него во нивниот дом,“ додаде таа. „Почивај во мир, Брајан.“

Семејството на Рeндл ја објави неговата смрт во понеделникот. Како и тие, Булок-Прадо побара, наместо цвеќе, во негова чест луѓето да донираат во Центарот за истражување на АЛС и општата болница во Масачусетс.

Можете да прочитате

Зошто јануари важи за „месец на разводи“ и што навистина се крие зад новите почетоци

Традиционално дефиле под маски на Вевчанскиот карневал 

Вечер е Стара нова година, а утре Обрезание Господово и Василица