Утрински Весник
Македонија

Сесија на НКЕУ-МК за градење кохезивна дигитална инфраструктура за развој на напредни јавни финансии

Mk Eu Znami A.jpg

Националната конвенција за Европската Унија во Република Северна Македонија (НКЕУ-МК), денеска во Скопје ќе ја одржи третата сесија на Работната група 6- Антикорупција (Поглавје 5, Поглавје 18 и Поглавје 32), на тема – „Градење кохезивна дигитална инфраструктура за развој на напредни јавни финансии“.

Како што е најавено, воведни обраќања во темата ќе имаат министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски, националниот координатор на НКЕУ-МК, професор Милева Ѓуровска и Александар Кржаловски од Македонскиот центар за меѓународна соработка.   

– Се очекува низ дијалог на различни засегнати страни – претставници на релевантни институции, граѓански организации, меѓународни експерти и други, да се разгледаат прашањата поврзани со дигиталната трансформација, како еден од клучните приоритети за Европската Унија која третата декада од Третиот милениум ја прогласи како декада на остварување на високо ниво на дигитална трансформација, пишува во соопштението. 

Како држава кандидат за членство во ЕУ, Република Северна Македонија вложува напори да ги следи овие современи тенденции, се додава во соопштението, кои со голема брзина го менуваат начинот на работење и живеење во светски рамки. 

– На оваа, трета сесија на Работната група, што е посветена на спречувањето и борбата против корупцијата, ќе се води дијалог поврзан со прашања за нивото на дигиталната инфраструктура и дигитална писменост во нашата земја, како и за предностите што ги имаат повисоките нивоа на дигитализација и примената на вештачката интелигенција во работењето на јавната администрација и управувањето со јавните финансии, се вели во соопштението. 

Можете да прочитате

Полициските хеликоптери исфрлија над 50 тони вода врз пожарите во Малино и Немањица

ВИДЕО: Евакуација на жителите на Немањици

Едно лице загина во пожарот кај кумановско Кокошиње