Утрински Весник
Свет

Сериски убиец слободно шета во Германија? За четири месеци убиени четири жени

Germany Police Polizei.jpg

Од летото четири жени се убиени во околината на градот Манхајм во германската сојузна покраина Баден-Виртемберг, додека едно лице се води како исчезнато. Последната жртва беше пронајдена претходно оваа недела.

Полицијата е очајна во три случаи, бидејќи нема траги. Убиствата не се поврзани меѓу себе, но за едното веќе имаат осомничени.

Во понеделникот утрото, телото на 51-годишна жена беше пронајдено недалеку од тркачката патека во Манхајм, на шумски пат. Како точно починала и кој би можел да биде мотивот за нејзината смрт, сѐ уште не е познато. „Ги чекаме резултатите од обдукцијата“, изјави портпаролката на полицијата за дневниот весник „Билд“.

Откривањето на убиената предизвика шок кај локалното население, но и страв од можен сериски убиец. Само четири недели претходно, во Лампертхајм, кој е оддалечен околу 20 километри, беше убиена 36-годишна жена, мајка на две деца.

Убиецот ја избодел додека трчала. Нејзиното тело е пронајдено во шумска област, фрлено меѓу дрвја и покриено со гранки.

Чантата што ја носела жената била отворена, а ја немало содржината. Убиецот сѐ уште не е фатен, полицијата уште трага по него, но тврди дека „според моменталната состојба на истрагата, нема индиции за поврзаност со убиството во Манхајм“.

Во јуни загриженост предизвика случајот со 40-годишниот Ајгулу С. од Беншајм. Откако Казахстанката ја однела својата двегодишна ќерка во градинка, исчезнала без трага. Две недели подоцна, нејзиното тело беше пронајдено во близина на каменоломот. Во исто време кога исчезна Ајгулу, исчезна и нејзината свекрва.

Само еден ден подоцна, на 17 јуни, телото на 15-годишната Рокиа беше пронајдено на брегот на Рајна во близина на Вормс. Обдукцијата покажала дека девојчето пред смртта било изложено на „масовно насилство“, а потоа се удавило.

Со оглед на спротивставените изјави, истражителите се фокусирале на родителите на девојчето, кои доаѓаат од Авганистан. Судијата ги испрати мајката и таткото во притвор, двајцата се осомничени за убиство на нивната ќерка. Наводно, родителите биле незадоволни што нивната ќерка сакала да води слободен живот.

Можете да прочитате

Обилни снежни врнежи во Турција – затворени училишта и спасени стотици граѓани

Хамнеи: Смртна казна за израелските лидери, не само апсење

Петнаесет лица повредени во руски напад врз Харков