Утрински Весник
Свет

Серија експлозии во Каракас, дали САД ја нападнаа Венецуела?

Karakas.jpg

Екипа на Си-Ен-Ен тврди дека била сведок на неколку експлозии рано наутро во саботата во Каракас и објави дека некои делови од градот останале без електрична енергија.

Првата експлозија е регистрирана околу 1:50 часот по локално време (6:50 часот по средно европско време).

„Едната детонација беше толку силен што мојот прозорец се тресеше по неа“, рече дописникот на CNNE Осмари Хернандез.

Неколку области од градот беа без струја, а новинарите на CNN во венецуелската престолнина можеа да слушнат звук на авиони по експлозиите.

Венецуелските новински агенции „Ефекто Кокујо“ и „Тал Куал Диџитал“ објавија дека експлозии се слушнале и во државата Ла Гваира, северно од Каракас, и на брегот на земјата, како и во Игероте, град на брегот во државата Миранда.

Американскиот претседател Доналд Трамп постојано предупредува дека САД се подготвуваат да преземат нови мерки против наводните мрежи за трговија со дрога во Венецуела и дека нападите на копно ќе започнат „наскоро“.

Можете да прочитате

Турција со реакција до Техеран по соборувањето иранска балистичка ракета

„Катар Енерџи“ прогласи „виша сила за своите засегнати купувачи“ по прекинот на производството на течен природен гас

Одложен е погребот на Хамнеи во Техеран