Шпанскиот интернационалец Серхио Рамос нема да смее да игра на наредните три натпревари за ПСЖ во првенството на Франција како казна за црвениот картон што го доби на мечот против Ремс (0:0). Тој упати силни протести кон судијата и беше исклучен во 41.минута од дуелот.
На крајот Рамос може да биде и задоволен со одлуката на Дисциплинската комисија со оглед дека максималната казна можеше да биде и до осум натпревари суспензија.
Рамос нема да биде на теренот во дербито против Олимпик Марсеј за три дена, потоа на гостувањето кај Ајачио и на уште еден домашен меч со Троа.