Утрински Весник
Спорт

Серхио Бускетс – Апсолутен рекордер во „Ел Класико“

Серхио Бускетс – Апсолутен рекордер во „Ел Класико“

Барселона синоќа победи во 252. „Ел Класико“. Играчите од „Ноу Камп“, славеа во Мадрид со 1:0, во првиот полуфинален натпревар, во Купот на Кралот. Натпреварот го обележа капитенот на Барселона, Серхио Бускетс, кој стана апсолутен рекордер кога се во прашање дуелите помеѓу Реал и Барселона.

dobivaj vesti na viber

„Владетелот на Ел Класико“ е наслов на текстот кој каталонски „Спорт“ му го посвети на Бусктес.

Синоќа, Бускетс го одигра 46. „Ел Класико“, зад себе ги остави Лионел Меси и Серхио Рамос.

Серхио Бусукетс е дете на Барселона. Својот прв настап во сениорскиот тим го забележа на 13 септември 2008 година на првенствениот натпревар против Расинг Сантандер (1:1).

Неговото прво „Ел Класико“ на стадионот „Камп Ноу“ се случи три месеци подоцна во победата на Барселона над Реал Мадрид со 2:0, а тој играше од 63. минута.

Првото „Ел Класико“ на стадионот „Сантијаго Бернабеу“ беше историска победа за Барселона (2 мај 2009 година, 2:6), каде Бускетс го замени Јаја Туре во 85. минута.

Серхио Бускетс најчесто играше со Реал Мадрид, се разбира, во Примера – настапи на вкупно 28 натпревари, од кои 25 стартуваше во првата постава. Со Бускетс во тимот, Барселона против Реал има 21 победа. Седум пати, Бускетс, како капитен ја предводел Барселона во дуелите против најголемиот ривал.

Реал Мадрид е и тимот против кого Серхио Бускетс одиграл најмногу натпревари во кариерата, потоа следуваат Севиља (40), Атлетик Билбао и Атлетико Мадрид (по 38).

Можете да прочитате

Хагерти за Надал: Организиравме сè онака како што сакаше Рафа

Поранешен фудбалер со нож нападнат во Њујорк

Намибиски новинар му одговори на Перез: Тој е фрустрирана личност