Утрински Весник
Магазин

Сергеј Четковиќ се збогува од својот пријател Панчо: „Од прв ден те гледав како брат – како да те знаев цел живот“

Screenshot 20251014 201148 gallery.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

„Знаеш, она кога луѓето се препознаваат на прва, како да ги знаеш цел живот. Твојата добрина, насмевка, љубов, ентузијазам и сила секој ден ме воодушевуваа и ме охрабруваа за секој нов ден. Имавме многу планови, идеи…“ – напиша Сергеј Четковиќ, кој беше близок соработник со Панчо, но и искрен пријател.

Веста за смртта на Владимир Блажев Панчо ја погоди цела македонска јавност, но и регионот, посебно оние со кои нашиот музичар беше многу близок.


Меѓу нив е и Сергеј Четковиќ, кој погоден од веста, сподели заедничка фотографија со него и напиша емотивно збогување.

Панчо и Сергеј се пријатели од многу одамна, а се запознале во далечната 2011-та на концерт кој црногорскиот пејач го имал во Скопје.

По таа средба тие почнале да соработуваат, но се зближиле и приватно како пријатели и семејство.

Сергеј во својата објава напиша:

“Добар мој, од првиот ден те гледав како брат. Знаеш, она кога луѓето се препознаваат на прва, како да ги знаеш цел живот.

Твојата добрина, насмевка, љубов, ентузијазам и сила секој ден ме воодушевуваа и ме охрабруваа за секој нов ден.

Имавме многу планови, идеи… Многу работи што требаше да се направат, раскажат, осмислат…

Патувај брате мој, одмори се. Нека ангелите те одведат на некое подобро место и нека Господ ти подари Рајска населба.

Те сака твојот брат!”, напиша Четковиќ.

Можете да прочитате

Витаминот Ц како можна заштита од штетните ПМ честички

Вечер на класична магија – Пијано концерт на Арда Мустафаоглу во „Џевахир мол”

Зимска магија, улична храна и врвна музика на WINTERFESTIVAL пред СЦ „Борис Трајковски“