Утрински Весник
Македонија

Сердарова: Таравари да не се фали со опремата набавена од времето на СДСМ

Screenshot 15 2.jpg

По посетата на министерот за здравство Арбен Таравари на битолската Клиничка Болница, денеска со реакција се огласија од битолската СДСМ.

„Деновиве во Клиничката болница во Битола бевме сведоци на посетата на министерот за здравство на средба со раководството при што беше промовирана наводно нова апаратура во Службата за урологија и Службата за ортопедија. Но, сето тоа беше свесно и со цел да се направи промоција за успешен старт на новото раководство, а беше премолчен фактот дека токму истата опрема беше набавена на барање на претходниот директор, кој имаше слух за потребите на службите.

За оваа апаратура раководителите на службите имаа барања за набавака на истата се со цел да се врши навремено, квалитето и безбедно лекување на пациентите.

Ја известуваме јавноста и нагласуваме дека апаратурата еднаш веќе беше предадена на службите и пуштена во употреба за што може да се види на официјалната веб страница на Клиничка болница Битола и на страниците на локалните медиуми.

На објавата на веб страницата на Клиничка болница Битола, стои дека министерството за здравство обезбеди два нови апарати од клучна важност за потребите на одделението за урологија и тоа е објавено на 10.04. 2024 година и нова медицинска опрема набавена од министерството за здравство за унапредување на специјалноста ортопедија и трауматологија објавено на 24.01.2024 година“ рече Анета Сердарова, од СДСМ Битола.

Можете да прочитате

Седумнаесетта „Недела на јапонски филм“ во Скопје и Битола

НЕДЕЛНА АНАЛИЗА НА ВРЕМЕТО: До четврток стабилно, суво и претежно сончево, од петок 29 Ноември, нов влажен бран во Македонија!

Почнува кампањата „16 дена активизам против родово базирано насилство“