Утрински Весник
Спорт

Сензација во Мерибел, Сен Жермен ја победи Шифрин во слалом

Сензација во Мерибел, Сен Жермен ја победи Шифрин во слалом

Канадската скијачка Лоренс Сен Жермен денеска направи големо изненадување на Светското првенство во Мерибел. Лоренс Сен Жермен триумфираше во трката во слалом пред фаворитката Микаела Шифрин

dobivaj vesti na viber

Канаѓанката изненади во првата трка кога со стартниот број 18 стигна до третото место, со 61 стотинка зад Шифрин.

28-годишната скијачка имаше уште подобро издание во второто возење и на крајот стигна до својот прв подиум во кариерата со време од 1:43,15 минути.

Таа беше побрза од Шифрин за 0,57 секунди, додека бронзениот медал го освои Германката Лена Диер, која заостана 0,69 секунди од победничката.

Ова е трет медал за 27-годишната Шифрин на ова Светско првенство, откако ја освои титулата светска шампионка во велеслалом и сребро во супервелеслалом. Шифрин сега во кариерата има 14. медали на Светските првенства.

Светското првенство во скијање завршува утре со слаломска трка во машка конкуренција.

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина