Утрински Весник
Спорт

Семејството Глејзер се премисли, не го продава Манчестер Јунајтед

Семејството Глејзер се премисли, не го продава Манчестер Јунајтед

Семејството Глејзер се откажаа од намерата да го продадат Манчестер Јунајтед, пренесува „Дејли Мејл“. Причината е што ниту еден од потенцијалните купувачи не се доближи до посакуваната цена за клубот.

dobivaj vesti na viber

„Глејзерови се решени и нема да бидат поколебливи од реакцијата на навивачите“, изјави извор за изданието, додавајќи дека намерата на семејството Глејзер била да натера голем број заинтересирани да наддаваат, но тоа не се случи.

Во ноември 2022 година, семејството Глејзер го стави клубот на продажба, при што се појавија неколку кандидати за преземање, од кои главни се катарскиот конзорциум предводен од шеикот Јасем бин Хамад Ал Тани, како и британскиот милијардер Сер Џим Ретклиф.

Британските медиуми тврдат дека сегашните сопственици на Манчестер Јунајтед би можеле да ја одложат продажбата на клубот до 2025 година.

 

 

 

Можете да прочитате

Тешка вечер за македонските младинци: Италија победи со 4:0

Македонската фудбалска репрезентација гостува во Данска по полуфиналето на плејофот за Мудијалот 2026

Скандал го тресе чешкиот фудбал – Масовни апсења