Утрински Весник
Македонија

Семејствата на жртвите од „Пулс“: Три месеци чекаме судот да се произнесе

Img 6124.jpeg

Денеска во Кочани се одржа 21. „Марш за ангелите“, посветен на жртвите од трагедијата во дискотеката „Пулс“. Протестниот марш започна во 17 часот и 5 минути од Паркот на револуцијата – време што симболично ја претставува задоцнетата институционална реакција на настанот.

На собирот, жителка на Кочани чиј брат загина на кобниот 16 март, упати јавни прашања до судиите и јавните обвинители. Таа потсети дека обвинителниот акт е донесен на 13 јуни 2025 година, но сè уште не е оценет.


„Имаме информација дека оваа фаза може да трае и повеќе месеци, но одолговлекување без оправдана причина е спротивно на законот и претставува основ за реакција од наша страна – оштетените или јавноста. Оценка на обвинителен акт нема строг рок, но должност е да одлучите во разумен рок, а поминаа скоро три месеци. Единствено се чека од вас. Ве молиме да ни оставите информации: до каде е постапката за оценка, дали постои рок според кој Советот е должен да донесе одлука, и ако не, кога приближно може да се очекува завршување на оваа постапка,“ изјави Розета Џамова, сестра на еден од настраданите.

Со маршот, семејствата и граѓаните уште еднаш потсетија дека правдата за жртвите од „Пулс“ не смее да се одложува и бараат институциите да ја завршат постапката без дополнително одолговлекување.

Можете да прочитате

Мицкоски утре ќе пушти во употреба нов дел од автопатот Кичево – Охрид

Петровска: АНБ е столб на државата, а не ничија сопственост

Жителите на Лагадин алармираат: По дивоградбата, инвеститорот сега сака да ја узурпира и плажата