
Семејствата и блиските на жртвите од пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани денеска побараа враќање на обвинителката Ивана Алексова Трајчева на која Советот на јавни обвинители не и го продолжи мандатот.
– Советот на јавни обвинители се повикува на правична застапеност за одредени членови на кои им го продолжува мандатот, додека на обвинителката Трајчева и се ускратува да продолжи со предметот кој сама го водеше. Ова отвора сериозно прашање: дали формата се става пред суштината — правдата? Затоа, јасно и гласно бараме: обвинителката да биде вратена на случајот. Ова не е прашање на поединец. Ова е прашање на систем и одговорност. 63 изгубени животи не смеат да станат предмет на административни одлуки без последици, изјави денеска Александар Наунов од Здружението на граѓани „16 Март 2025 г. Кочани“.
Алексовска Трајчева го водепе предметот против полицајците обвинети за пожарот во дискотеката.


