Утрински Весник
Македонија

Семејното насилство ќе се гони по службена должност со новите измени во Кривичниот законик, за шест месеци регистрирани 512 пријави

Siyah beyaz ve kirmizi carpici kadina siddete karsi uluslararasi mucadele gunu instagram gonderisi facebook gonderisi.jpg

Семејното насилство повеќе нема да остане зад затворени врати, скриено зад ѕидовите на тишината и стравот. Со најновите предлог измени на Кривичниот законик кои ги подготвува Министерството за правда, сега насилникот ќе може да се гони по службена должност, дури и без жртвата да поднесе пријава. Доволно ќе биде сведокот, сосед, роднина, пријател, случаен минувач да пријави семејно насилство, а институциите ќе бидат должни да реагираат. Досега, често се случуваше жртвата, соочена со трауми, заплашувања или економска зависност, да се повлече од постапката со што насилникот останува неказнет.

Според статистичките податоци кои ги доби МИА од Министерството за внатрешни работи, во првите шест месеци од годинава, извршени се вкупно 512 кривични дела во врска со семејното насилство, од кои најголемиот број од случаите се извршени од страна на мажите – вкупно 474 и кои повеќето завршиле со телесни повреди.


Табу тема се уште е семејното насиство, особено во помалите средини, како впрочем и секој друг вид насилство, бидејќи стравот од тоа што ќе каже на сето тоа малограѓанската околина, ако дозна

Од невладините организации ја поздравуваат одлуката за ваквата измена и очекуваат да донесе поголема сигурност за жртвите и сериозен институционален пристап кон семејното насилство. И политичките партии даваат поддршка за новите измени. Сметаат дека оваа законска измена ќе ја зајакне борбата со семејното насилство. Очекуваат да бидат подобрени одредени дејствија во делот на семејното насилство.

Од Министерството за правда во одговорот за МИА нагласуваат дека со измените и дополнувањата на Кривичниот законик се врши и редефинирање на кривичното дело „Телесна повреда“ од член 130 со отстранување на гонењето по предлог во случаи кога делото е сторено при вршење родово-базирано насилство, насилство врз жена или семејно насилство или од омраза или спрема лице кое е посебно ранливо поради неговата возраст, тешките телесни или душевни пречки или бременост, со што овој облик на делото ќе се гони по службена должност согласно одредбите од Истанбулската конвенција.

Очигледно е дека намерните или ненамерните пропусти за суштествени повреди и натаму остануваат дозволива пракса за некои судиим оцени денеска Министерството за правда во својата реакција за у

Од Министерството очекуваат дека оваа реформа ќе придонесе за зголемена отчетност на сторителите и охрабрување на жртвите да побараат помош, што, како што велат, во целина ќе води кон подобрување на состојбата со семејното насилство во државата.

-Семејното насилство е општествен проблем кој бара институционален одговор. Со предложените измени на Кривичниот законик, правиме клучен чекор напред во заштитата на жртвите, особено на жените и другите ранливи групи. Повеќе нема да се бара храброст од жртвата за да поднесе пријава – сега храброста и одговорноста се на државата, посочуваат од Министерството за правда.

Од Министерството за МИА информираат дека овие измени на владина и собраниска процедура треба да се најдат по одржувањето на локалните избори и се очекува да бидат дел од пошироката реформа на Кривичниот законик.

Невладините ја оценуваат како значаен чекор напред во зајакнување на заштитата на жртвите на семејно насилство

Невладините ја поздравуваат одлуката за ваквата измена, оценувајќи ја како значаен чекор напред, затоа што, како што велат, директно се зајакнува заштитата на жртвите на семејно насилство.

Ана Аврамовска Нушкова, правна експертка од Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство во изјава за МИА истакнува дека во моментов, кривичното дело „Телесна повреда“ во врска со семејното насилство се гони по предлог на жртвата.

-Тоа значи дека целиот процес зависи од нејзината волја и храброст да го поднесе предлогот, но и да го одржи во текот на постапката. Во пракса многу често се случува жените жртви да го повлечат предлогот, под притисок, страв или зависност од сторителот, а како резултат на тоа предметите не се процесираа до крај, туку завршуваа како „повлечени“ и остануваат како регистрирани поплаки во статистиките на МВР. Ова ја прави реалната слика за семејното насилство уште поневидлива.

Со предложените измени, оваа форма на кривично дело ќе се гони по службена должност. Тоа значи дека институциите ќе имаат законска обврска да постапуваат штом ќе добијат сознание за случајот, без оглед дали жртвата поднела предлог или не, вели таа.

На тој начин, нагласува Аврамовска Нушкова, се отстранува огромниот товар од жртвата, се прекинува праксата на повлекување на предлози и се обезбедува многу поефикасна заштита на жртвите.

Очекуваат оваа промена да донесе поголема сигурност за жртвите и сериозен институционален пристап кон семејното насилство.

-На краток рок можно е да се зголеми бројот на заведени предмети, но тоа ќе биде затоа што институциите ќе ги процесираат и оние случаи кои досега остануваа во „сива зона“. Долгорочно, зголемената видливост и јасната порака дека државата ќе гони по службена должност треба да доведат до намалување на семејното насилство, затоа што сторителите ќе се соочуваат со реални кривични санкции, а жртвите ќе имаат поголема заштита и доверба во системот.

И политичките партии со поддршка за измената на Кривичниот законик

И политичките партии ја поддржуваат оваа измена на Кривичниот законик. Сметаат дека ова значајно ќе ја зајакне борбата со семејното насилство. Очекуваат дека со ваквата измена одредени дејствија во делот на семејното насилство да бидат подобрени, да биде подобра самата заштита на жртвите на семејно насилство вклучувајќи го насилството врз жените.

Пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Жаклина Пешевска во изјава за МИА вели дека со измените на Кривичниот законик се решава вековната борба и децениска заложба од политичките партии како активности, чинители во општеството и заложбата на граѓанските организации за ставање под контрола на семејното насилство.

19 ноември 2022

-Со следните измени на Кривичниот законик се предвидува дека за кривичното дело телесна повреда, при вршење на семејното насилство ќе се гони по службена должност, а не како до сега по предлог на оштетената или оштетениот.

Тоа значи дека дури и во случај кога оштетената, во која било фаза од постапката, да се откаже од кривичното гонење на насилникот, постапката нема да запре, туку ќе продолжи до донесување на пресуда, посочува таа.

Пешевска ја поздравува оваа иницијатива од Владата со која, како што вели, покажуваме дека се грижиме за добробит на семејството, а жената станува центар на македонското општество.

Инспекциските служби на Државниот инспекторат за труд се постојано на терен за да утврдат како се спроведува законското решение со кое недела стана неработен ден за работниците, информира мин

Пратеничката на СДСМ, Јованка Тренчевска во изјава за МИА нагласува дека уште не ги има видено предлог-измените, но посочува дека и за таа цел била ратификувана Истанбулската конвенција, односно по службена должност да постапува Јавното обвинителство во однос на семејното насилство.

-Додека не ги видиме точно како ќе биде формулиран цел овој член или одредбите од Кривичниот законик, она што можам да го кажам е дека и за таа цел беше и ратификувана Истанбулската конвенција и неопходноста после ратификацијата да се промени нашето законодавство во делот на семејното насилство, и да бидат вклучени како кривично дело од една страна, а од друга страна можноста по приватна тужба да се однесе во случај на семејно насилство, да се замени со одговорност на државата кон тоа, односно по службена должност да постапува Јавното обвинителство, вели таа.

Тренчевска истакнува дека очекува одредени дејствија во делот на семејното насилство да бидат подобрени и да биде подобра самата заштита на жртвите на семејно насилство.

-Секако дека доколку и самата формулација во предлог-измени коишто би требало да стасаат во Собранието бидат во таа насока, како опозиција ќе го поддржиме затоа што ние како СДСМ токму кога дојдовме на власт ја ратификувавме Истанбулската конвенција која чекаше на ратификација некаде над седум години. И во таа насока очекуваме дека конечно одредени дејствија во делот на семејното насилство ќе бидат подобрени, ќе биде подобра самата заштита на жртвите на семејно насилство вклучувајќи го насилството врз жените, вели Тренчевска.

За шест месеци извршени 512 кривични дела во врска со семејното насилство, најголемиот број од случаите завршиле со телесни повреди

Од јануари до јуни 2025 година извршени се вкупно 512 кривични дела во врска со семејното насилство, од кои најголемиот број 336 завршиле со телесна повреда, 158 случаи со загрозување на сигурноста, девет со тешка телесна повреда, три со убиство и по две со убиство во обид, присилба, противправно лишување од слобода. Најголем број од кривичните дела се извршени од страна на мажи – вкупно 474, а од жени 55 случаи. Најголем дел од кривичните дела во семејното насилство се извршени од страна на сопругот – 223 случаи, потоа следуваат случаите кои се извршени од сопругите, од децата, од родителите и од поранешните партнери. Вкупно 176 кривични дела на семејно насилство се извршени под дејство на растројство, 80 дела под дејство на алкохол, две дела под дејство на дрога и 70 случаи под други дејства.

Во полугодието имало вкупно 512 жртви, од кои 436 биле жени, а 107 мажи. Во истиот период, најголем број од кривичните дела се извршени со физичка сила или закана – 420 случаи, 62 со ладно оружје, четири со огнено оружје и 26 со други начини.

Од вкупно 512 кривични дела во однос на семејното насилство, по региони најголем број се извршени во регионот на СВР Скопје – 127 случаи, СВР Тетово – 70, СВР Битола – 65, СВР Штип – 62, СВР Куманово – 55, СВР Велес – 50, СВР Струмица – 44 и СВР Охрид – 39 случаи.

Можете да прочитате

Безобѕирно зад воланот: Пијаните возачи во иднина ќе одговараат кривично

Температурата ќе се спушти за повеќе од 10 степени – Почнува вистинска есен

Параглајдинг несреќа на Галичица: Германец доживеа тежок пад од поголема височина