Утрински Весник
Македонија

Семејна драма во Скопје: Татко се заканувал со остар предмет на својот син

Policzija.webp.webp

Министерството за внатрешни работи информира дека е изречена итна мерка за отстранување од дом на лице од Скопје поради извршено семејно насилство.

Како што соопштија од Единицата за насилен криминал при Секторот за внатрешни работи – Скопје, вчера е поднесено барање до Основниот граѓански суд Скопје за изрекување итна мерка против лицето Љ.Б.


Инцидентот се случил на 9 март околу 22:30 часот во скопската населба Кисела Вода, кога полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Љ.Б., постапувајќи по претходна пријава за семејно насилство. Според пријавата, во семејниот дом тој упатувал закани со остар предмет кон својот 35-годишен син.

По разгледување на случајот, Основниот граѓански суд Скопје донел решение со кое на Љ.Б., како сторител на семејно насилство, му е изречена итна мерка за заштита од семејно насилство – отстранување од домот во времетраење од 30 дена.

Од Министерството за внатрешни работи апелираат до граѓаните да пријавуваат секој случај на семејно насилство, нагласувајќи дека ваквите мерки се преземаат со цел заштита на жртвите и спречување на понатамошна опасност.

Можете да прочитате

За 10 дена 6.264 сообраќајни прекршоци, уапсени 151 возач

Девет предмети за дискусија на седница на Уставниот суд

Приведен турски државјанин, пронајдени мигранти во возилото кое го управувал