Утрински Весник
Магазин

Сем Мендес: Ќе биде тешко да се најде замена на Даниел Крег

Сем Мендес: Ќе биде тешко да се најде замена на Даниел Крег

Британскиот режисер оскаровец Сем Мендес проговори за тоа колку е исцрпувачки серијалот 007 и зошто ќе биде тешко да се замени Даниел Крег.

dobivaj vesti na viber

Мендес беше на кормилото на два филма за Џејмс Бонд во кои глуми Даниел Крег – „Спектре“ и „Скајфол“. И двата беа огромни хитови и се силни додатоци на филмографијата на славниот режисер, како и омилени меѓу фановите на Бонд.

Мендес од прва рака знае колку е тешко да се направи филм 007, делумно имајќи ја предвид 60-годишната историја зад франшизата. Прославениот режисер неодамна беше искрен за „исцрпувачките предизвици“ – и зошто е тешко да се продолжи по Даниел Крег.

Во интервју за „Дедлајн“, Мендес детално ги опиша своето искуство во режирање на два филма за Бонд. Тој говори за тоа колку интензивна работа е потребна за ваква продукција, и го смета за заморен процесот.

„Тоа е како да подигате скелиња и градите цел свет… Исцрпувачки е, на поинаков начин,“ вели тој.

Многумина веројатно ќе се согласат дека заминувањето на Даниел Крег остави голема дупка во франшизата и, по објавувањто на последниот, No Time to Die, многумина се прашуваат како ќе постапат продуцентите. За време на истото интервју, Мендес дава некои искрени размислувања за задачата што е пред продуцентот на франшизата Барбара Броколи.

„Не ѝ завидувам на Барбара што мора да ги следи петте филмови на Даниел. Тој повторно ја оснажи филмската сага, но сагата е толку голема што ќе биде многу тешко за помлад актер да влезе во неа.“

„Искрено, не можам да кажам дека им завидувам на продуцентот и нејзиниот тим. И покрај првичните реакции околу неговиот кастинг, Даниел Крег беше сакан во улогата и го направи ликот свој.“

Студиото допрва треба да соопшти кој ќе го замени, а медиумите веќе истакнаа неколку имиња што би можеле да го глумат титуларниот лик.

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста