Утрински Весник
Македонија

Семјеството на Теодора Ристовска реагира: „Кога убиецот шета слободен, целата нација е жртва“

Teodora ristevska 960x577 1 650x391 1.jpg

Семејството на Теодора Ристовска жестоко реагираше откако Апелациониот суд во Гостивар ја потврди казната од две години затвор за Менсур Пајазити, возачот кој ја прегази 22-годишната Теодора на пешачки премин во Тетово.

„Оваа пресуда е срам за правдата. Животот на Теодора згасна, а казната изгледа како подбив. Кога убиецот се движи слободно, целата нација е жртва“, истакна семејството во писмото до јавноста. Тие нагласуваат дека казната е непропорционална на загубата и дека системот создава недоверба и омраза, наместо вистинска правда.


На 15 август 2022 година, Пајазити управувал возило „БМВ“ со брзина од 59 километри на час и не му отстапил првенство на Теодора, која поминувала на пешачки премин. По првичното судење во ноември 2023 година, тој беше осуден на три години и шест месеци затвор, а по жалба, казната беше намалена на две години затвор.

Семејството најавува дека ќе продолжи да бара правда и преку јавноста, потенцирајќи дека трагедијата на Теодора ќе остане вечна рана, но правдата мора да биде видлива, опиплива и вистинска.

Можете да прочитате

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ ја предаде Македонија за мигрантски пари

Левица: ДКСК со Цвета Ристовска наместо да го спасува Томовски по втор пат да го истражи случајот со тендерите

Поднесено обвинение за таткото и двете ќерки од Крива Паланка, спречиле службени лица да одземат добиток