Утрински Весник
Магазин

Сем Асгари реагира на тврдењата дека ја контролира Бритни Спирс

Сем Асгари реагира на тврдењата дека ја контролира Бритни Спирс

Сем Асгари се осврна на шпекулациите дека ја контролира својата сопруга Бритни Спирс.

dobivaj vesti na viber

28-годишниот модел се огласи во врска со тврдењата на фановите на Бритни (41) дека таа всушност не е надлежна за сопствените профили на социјалните мрежи. Ваквите наводи се појавија по нејзината објава на роденденот во декември, во која ја спомна отуѓената сестра Џејми Лин Спирс.

Во разговор со „ТМЗ“ Сем изјави: „Не контролирам ни што имаме за вечера“.

„Во минатото, се случуваа многу работи, па разбирам од каде доаѓаат ваквите наводи. Претпоставувам дека тие се само заштитнички. Ако ништо друго, барем се добри фанови.“

Сем, кој се венчаше со Бритни во јуни, претходно призна дека не му се допаѓаат некои содржини што неговата сопруга ги објавува на „Инстаграм“, но нагласи дека никогаш нема да се обиде да ги цензурира нејзините објави бидејќи таа била под надзор  цели 13 години.

Можете да прочитате

Колку пати се сака во животот: Одговорот ќе ве изненади

Вушан доби најдолг градски лифт на светот: Ескалатори кои ги поврзуваат населбите, олеснувајќи им го животот на жителите и туристите

Дневен хороскоп за 12 март 2026