Утрински Весник
Спорт

Селтик го декласира Ренџерс во „Олд Фирм“ дербито

Селтик го декласира Ренџерс во „Олд Фирм“ дербито

Фудбалерите на Селтик убедливо го совладаа градскиот ривал Ренџерс во дерби натпреварот од шестото коло на шкотската Премиер. Во 108. лигашка пресметка на овоие ривали, Селтик победи со 4:0.

dobivaj vesti na viber

Селтик го забележа шестиот триумф и со максимален учинок е убедливо прв, додека нивниот најголем ривал има пет бода помалку.

Сите дилеми околу исходот на дуелот Селтик ги реши уште во првото полувреме кога дури три пати ја погоди мрежата на „полицајците“.

Израелецот Леил Абада ја отвори серијата 8. минута, Зита во 32. го удвои водството, а стрелецот на првиот гол во 40. минута зголеми на 3:0 за ерупција од воодушевување на „Селтик Парк“.

Абада и неговиот соиграч Кјого Фурухаши се најдобри стрелци на првенството со по шест гола.

Конечниот резултат го постави Дејвид Турнбул во второто полувреме.

Можете да прочитате

Селекторот на македонските кошаркарки Илиевски поднесе оставка

Лазаров: Пред ЕУРО 2026 ќе прифатев ваков исход, но ќе сакав повеќе

(Видео) Со гол во последна секунда Македонија ја победи Романија на ЕП во ракомет