Утрински Весник
Спорт

Селекторот индиректно откри: Бензема нема да биде дел од финалето на СП

Еквадор пред исфрлање од Мундијалот, доказите за „фалсификувањето“ на Кастилјо се огромни!
Dik 300x250 mk

Селекторот на Франција, Дидие Дешамп, зборуваше пред финалето на Светското првенство против Аргентина. Едно од прашањата беше дали Карим Бензема може да се приклучи на тимот. Иако не го кажа директно, од зборовите на Дешам се гледа дека нема можност напаѓачот да биде дел од тимот за утрешното финале.

dobivaj vesti na viber

„Ако не одговорам, ќе речете дека сум лут. И претходно имав повредени играчи. Карим е еден од нив. Последен кој се повреди е Лукас Хернандез. Оттогаш имам 24 играчи за работа. Групата е тука. Не зависи од мене кој доаѓа да го гледа натпреварот. Мојата концентрација е на 24-члениот тим што го имам и тоа ќе бидат играчите кои се на располагање за утре. Тие се дел од почетокот на ова патување со нас“, изјави Дешамп.

Финалето на Светското првенство меѓу Франција и Аргентина е закажано за утре, со почеток во 16 часот.

Можете да прочитате

Токтасинов почина на 36 години – спортскиот свет во неверување

Ѓоковиќ донесе одлука за настапот на завршниот Мастерс

Почина екс тренерот на Шкупи, колабирал на терен