Утрински Весник
Спорт

Селекторот Андерсон го обвини Ѓорѓиќ дека не е Швеѓанец

Селекторот Андерсон го обвини Ѓорѓиќ дека не е Швеѓанец
Dik 300x250 mk

Шведскиот селектор Јане Андерсон беше критикуван во шведските медиуми по неговата неверојатна расправија со поранешниот фудбалер на Манчестер јунајтед, Бојан Ѓорѓиќ, во која се сомневаше во лојалноста на Ѓорѓиќ кон Шведска.

dobivaj vesti na viber

Жестоката расправија по вчерашниот 5:0 триумф над Азербејџан почна кога Ѓорѓиќ го праша селекторот зошто напаѓачот на АЗ Алкмар, Јеспер Карлсон, кој го постигна четвртиот гол на мечот во Стокхолм, не добива поголема минутажа.

„Можеме да зборуваме за изборот на игрчи цела проклета ноќ, извинете ме. Кој тогаш да не игра? Јас ги избирам 11-те, така што кој нема да игра? Александер Исак или Виктор Ѓокерес? Кога сте селектор можете да го првите изборот“, одговори Андерсон.

Селекторот потоа го обвини Ѓорѓиќ дека „плаче“ пред работите да станат лични и го праша поранешниот фудбалер кој е роден во Белград: „Кого ти претставуваш?“. Ѓорѓиќ, кој играше за шведската У-21 репрезентација, но не доби шанса во сениорската репрезентација беше навреден.

„Шведска, секако, зошто не го правел тоа? Какв работа имаме тука? Зарем сакате да кажете нешто поинаку?“, врати Ѓорѓиќ, по што Андерсон одговори: „Зборувате ср.ња по меч кој го добивме со 5:0“, на што Ѓорѓиќ уште поостро одговори: „Сега зборувате премногу, сега сте агресивни? Зошто? Кого друг би претставувал јас? Која друга земја? Мислите, Србија, или не? Тоа ли се обидувате да го кажете. Нема да го заборавам овој одговор, ова е лошо. Ниско е за селектор да кажува вакво нешто. Кого вие претставувате?“.

Можете да прочитате

Ѓоковиќ донесе одлука за настапот на завршниот Мастерс

Почина екс тренерот на Шкупи, колабирал на терен

Лос Анџелес Доџерс ја одбранија титулата