
Лидерот на Алијансата за Албанците, Зијадин Села, постави три клучни услови за неговата партија да стане дел од владиното мнозинство. Тој го потенцираше значењето на уставните измени, отстранувањето на 20 отсто и воведувањето на албанскиот јазик во Уставот, како и вклучувањето на одлуките што се носат со Бадентеровиот принцип во рамки на Уставниот суд.
„Ова би биле три теми, доколку првично се реализираат, тогаш би можеле да се водат преговори со Алијанса за Албанците“, изјави Села за ТВ Шења, на прашањето дали постои можност неговата партија да влезе во Владата.
Тој најави и реорганизација на партијата и напуштање на коалицијата НАИ предводена од ДУИ. „Во наредните денови ќе има иновации во овој поглед. Проценувам дека АА ќе мора да се реорганизира каде што е потребно. АА мора да се справи со себе, да стане опозиција, да ги заштити своите интереси. Ќе овозможиме коалицијата што постоеше до вчера да биде слободна“, рече Села.
Тој ја исклучи можноста за повторно обединување со Арбен Таравари, оценувајќи дека причината за нивната разделба сè уште не му е јасна и ја опиша Таравари како нестабилна фигура. „Повторното обединување со него е невозможна мисија, додека обединување на партијата без Таравари е можно“, додаде Села.

