Утрински Весник
Македонија

Села го обвинува Мицкоски за политичка манипулација со замрзнувањето на вработувањата по етничка припадност

Img 4077.jpeg

Одлуката на Уставниот суд за замрзнување на вработувањата по етничка припадност е политички мотивирана наредба од премиерот Христијан Мицкоски, тврди лидерот на Алијансата за Албанците, Зијадин Села. Во поткастот „Претрес“, Села ја нарече оваа одлука погрешна, која не враќа во минатото и ги укинува правата кои се изборени со децении.

„Ова е политичка наредба на премиерот. Наместо да гледаме напред, се враќаме назад со укинување на механизми кои овозможуваа правична застапеност“, рече Села. Тој исто така истакна дека обединувањето на албанските партии треба да донесе политичка одлука за членството на земјата во Европската Унија и носење на Закон за правична застапеност.

Во врска со предложениот Закон за правата на бранителите, Села го обвини Мицкоски дека овој закон има за цел да создаде дестабилизација во земјата, бидејќи не ги признава правата на сите страни кои учествувале во конфликтот од 2001 година. Според него, само еднакви права за сите може да донесат стабилност.

Тој, исто така, негираше дека некогаш имал намера да го пали Собранието, иако во минатото изјавил дека тоа ќе се случи ако биде донесен Законот за бранители. Села подвлече дека настаните од 27 април покажуваат кои вистински стојат зад насилствата во Парламентот, алудирајќи на нападите од тој ден.

Можете да прочитате

Филипче: Следува нов почеток и пресвртница во делувањето на СДСМ

Дали од 29 Ноември Балканот ќе го зафати нов студен и снежен бран?!

Филипче: СДСМ не е лична сопственост ниту на Бранко, ниту на Заев, а најмалку моја