Утрински Весник
Свет

Секој втор граѓанин заболува од рак во Германија

Germanija 1.webp.webp

Државниот имунолошки институт „Роберт Кох“ соопшти дека речиси секој втор граѓанин на Германија ќе заболи од рак во текот на својот живот. Според податоците, кај 49% од мажите и 46% од жените се дијагностицира рак, додека секоја шеста жена и секој седми маж заболуваат пред 65-та година. Најчести се случаи на рак на простата, рак на дојка, рак на бели дробови и рак на дебело црево.

Во 2023 година беа регистрирани околу половина милион нови случаи, додека 230.000 лица починале од рак. Сепак, стапката на смртност од оваа болест значително е намалена во последните 25 години – за 30% кај мажите и за 20% кај жените. Институтот ја објавува статистиката пред Светскиот ден за борба против ракот со цел подигање на свеста и подобрување на превенцијата.

Можете да прочитате

Трамп се заканува дека САД нема да се грижат за безбедноста на Ормускиот теснец

Експлозии во Тел Авив по предупредувањето за ирански ракетен напад врз централен Израел

Итно предупредување од ИРГЦ: Држете се подалеку од нафтените објекти во Саудиска Арабија, ОАЕ и Катар