Утрински Весник
Македонија

Секој студент во Македонија ќе добие по 250 евра, објави Владата

D3kyfmw3hwktoogeq3ri.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Секој студент во Македонија ќе добие по 250 евра. Оваа информација ја објави Владата која вели дека фокус е обезбедување на пристојни услови за живот и успешен образовен процес за студентите и младите.

„За таа цел, во Буџетот за 2025 година обезбедени се средства за ваучери од 250 евра за набавка на електронски уреди – телефон, компјутер или таблет за сите студенти, како и средства од 10 милиони евра кои ќе бидат наменети за млади до 29 години за отпочнување бизниси, односно финансиска поддршка до 30.000 евра за бизнис за млади.


Ваучерот за студентите од 250 евра за купување на електронски уред ќе им овозможи на студентите да имаат пристап до технологијата што им е потребна за да успеат во денешниот дигитален свет.

Додека пак, финансиската поддршка до 30.000 евра за младите за отпочнување на бизнис, значи дека младите ќе можат своите бизнис идеи да ги преточат во бизнис планови.

Преку различна поддршка, мерки и проекти работиме за задржување на младите и студентите иднината да ја градат тука во сопствената држава.

Токму затоа како Влада се обврзавме на вклучување на младите во носење на важни одлуки и слушање на нивните проблеми и барања“, велат од Влада.

Можете да прочитате

Поради недостиг на мазут, ЕСМ бара прогласување кризна состојба со струјата

Стојаноски: Измените на Кривичниот законик се преодно решение за да се спречи амнестија на криминал во над 200 предмети

Претседателот на Собранието Гаши прими делегација предводена од претседателот на ТИКА Ерен