Утрински Весник
Свет

Сеизмолог: Една од експлозиите на гасоводот одговара на 100 килограми динамит

Сеизмолог: Една од експлозиите на гасоводот одговара на 100 килограми динамит

Една од експлозиите на дното на Балтичкото Море во близина на гасоводот Северен тек е еквивалентна на експлозија на повеќе од 100 килограми динамит, изјави сеизмолог од шведскиот универзитет во Упсала.

dobivaj vesti na viber

Во четвртокот сеизмолозите открија неколку експлозии на дното на Балтичкото Море, а веднаш по нив беше откриено значително истекување на гас од гасоводи кои се протегаат од Русија до Германија, според медиумите во регионот.

Неколку европски и американски високи функционери сугерираат дека тоа е саботажа во енергетската војна меѓу Русија и Западот што го предизвика рускиот напад врз Украина.

На цевководите Северен тек 1 и 2 се откриени три истекувања на гас. Сè уште не е утврдена точната причина за експлозиите.

Можете да прочитате

Трагите од канабис во бонбони на „Харибо“ не се поврзани со производството

Трамп го нарече Маск „голем зависник од дрога“

Колумбискиот претседателски кандидат Мигел Урибе успешно опериран по атентатот врз него