Лос Анџелес Лејкерс, во шестиот меч од почетокот на сезоната ја забележаа првата победа. Лејкерси мразот го скршија против Денвер Нагетс, славеа со 121:110.
Денвер имаa +10 во првата четвртина, но Лејкерси ја стигнаа и престигнаа таа разлика и со предност влегоа во второто полувреме. На крајот немаше драма, Лејкерси погодија неколку важни тројки и дојдоа до победата
Леброн Џејмс беше најдобар со 26 поени (10-22 од поле), 6 скока и 8 асистенции, додека Ентони Дејвис додаде 23 поени (10-18 од поле) и 15 скока. Расел Вестбрук повторно стартуваше од клупата, а мечот заврши со 18 поени (6-12 од поле) и по 8 скока и асистенции, а Лони Вокер додаде 16 поени (6-14 од поле, 5ск).
Никола Јокиќ ги предводеше Нагетс со 23 поени (8-16 од поле), 14 скока и 6 асистенции, Џамал Мареј постигна 21 поен (9-21 од поле), 4 скока и 5 асистенции, Арон Гордон постигна 18 (7- 11 од поле, 6ск), а Мајкл Портер Џуниор 17 поени (5-15 од игра, 5ск).
Далас Маверикс го победи Орландо Меџик со 114:105, а Лука Дончиќ стана првиот играч по Мајкл Џордан во сезоната 1986/1987 година. кој ја отвори сезоната со шест натпревари од најмалку 30 поени.
Сега тоа го направи до полувремето, а мечот го заврши со 44 поени, 3 скока и 5 асистенции.
Покрај Дончиќ двоцифрени во редовите на Далас беа Тим Хардавеј со 21 поен (5-15 од поле), Доријан Фини Смит со 13 поени (5-7 од поле) и 8 скока и Спенсер Динвиди со 12 поени, 4 скока и 5 асистенции.
За Орландо, Паоло Банкеро постигна 18 поени, Бол Бол имаше 16 поени, 11 скока.