Утрински Весник
Македонија

Седумнаесетгодишниот Ѓорѓи Николовски го фати осветениот крст во Скопје

Img 7963

Поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија г.г. Стефан го положи осветениот крст во водите на реката Вардар.
Најсреќниот меѓу оние кои скокнаа во водите на Вардар, беше 17-годишниот Ѓорѓи Николовски.

„Се најдобро за сите, Господ е голем, Господ гледа се, сите да имаат единство и да се обедини Македонија и македонскиот народ“, кажа Николовски по фаќањето на крстот.

Годината, пријавени беа 157 граѓани кои скокнаа во водите на Вардар за да го фатат осветениот крст што во водите на Вардар го положи поглаварот на Македонската Православна Црква-Охридска Архиепископија г.г. Стефан.

Одбележувањето на празникот Богојавление-Водици почна во 9 часот со архиерејска божествена литургија во храмот „Рождество на Пресвета Богородица“ со која чиноначалствуваше архиепископот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија (МПЦ-ОА) г.г. Стефан.

По завршување на литургијата, поглаварот на МПЦ-ОА г.г. Стефан заедно со свештенството во поворка се упати кон мостот „Слобода“.

Можете да прочитате

Што може да донесе утрешниот Конгрес на СДСМ?

Во Битола санирани проблемите од вчерашното невреме

На „Блаце“ и „Табановце“ се чека од 30 минути до 60 минути