Утрински Весник
Свет

Седумгодишно дете падна од траект во море, мајката скокнала по него – и двајцата загинаа

Седумгодишно дете падна од траект во море, мајката скокнала по него – и двајцата загинаа
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Полската полиција соопшти дека загинале и седумгодишното дете, кое паднало од патнички траект во Балтичкото Море, и мајката на детето, која скокнала во водата по него.

dobivaj vesti na viber

Портпаролот на полицијата, Мариуш Цијарка, изјави дека не било можно да се спасат нивните животи.

Двете жртви се државјани на Полска, пренесе АП.

Портпаролот на Шведската поморска управа, Јонас Францен, истакна дека трагедијата се случила вчера кога детето паднало во водата, а мајката решила да скокне по него.

Тој рече дека детето паднало од висина од 20-ина метри.

Мајката и детето се превезени одделно со хеликоптер во болницата во Карлскона.

Во спасувачката операција помогнаа бродови и хеликоптери од Шведска и единици на НАТО, кои беа во областа.

Можете да прочитате

Девет загинати 10 ранети по вооружен напад во Јужна Африка

Гугл ги враќа на работа работниците што претходно ги отпушти

Речиси еден милион лица раселени по конфликтот меѓу Камбоџа и Тајланд