Утрински Весник
Свет

Седумгодишно дете го запали трговскиот центар „Космополит“ во Киев

3109916
Dik 300x250 mk

Седумгодишно дете предизвикало пожар во трговскиот центар „Космополитен“ во Киев, а полицијата покренала кривична постапка против намерно уништување или оштетување на имот.

Пожар во игротеката на трговскиот центар во населбата Соломјан бил пријавен во саботата вечерта, а преку увид на лице место и обработка на видео од внатрешни камери за надзор, полицијата во соработка со службата за обезбедување на трговскиот центар утврдила дека пожарот намерно го подметнало седумгодишно момче, посетител на игротеката.

Родителите заедно со детето биле повикани во Соломјанската полиција да дадат изјава, пренесува Укринформ.

Пожарот кој зафатил површина од 50 квадратни метри бил изгаснат по речиси два часа, а од трговскиот центар биле евакуирани околу 200 лица.

Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, објави дека двајца возрасни и едно осумгодишно дете се пожалиле на труење со чад.

Полицијата ги повика граѓаните да комуницираат со своите деца и да им ги објаснат правилата за ракување со огин и запаливи материјали.

Можете да прочитате

Еден милион корисници на ChatGPT неделно сакаат да се самоубијат, објави OpenAI

По земјотресот со јачина од 6,1 степен, повеќе од 100 последователни потреси во Турција

Украинците погодија брана во Русија