Утрински Весник
Свет

Седум повредени во палестински напад во Тел Авив

Седум повредени во палестински напад во Тел Авив

Седум повредени, од кои три сериозно по нападот со автомобил на палестински државјанин. Тој потоа се симнал од автомобилот и сакал да ги нападне со нож луѓето околу него, изјави портпаролот на израелската полиција нарекувајќи го инцидентот терористички чин.

dobivaj vesti na viber

Возачот бил неутрализиран од припадници на итната државна служба на местото на настанот, изјави портпаролот на израелската воена радиопрограма.

Израел е во состојба на спремност поради палестинските напади, еден ден по почнувањето голема воена операција во градот Џенин на Западниот Брег. Најмалку десет Палестинци беа убиени во израелски копнен и воздушен напад врз Џенин во понеделникот.

Првпат по речиси дваесет години, Израел почна голема воена офанзива на Западниот Брег.

Можете да прочитате

Обилни снежни врнежи во Турција: Затворени училишта и спасени стотици граѓани

ЕК: ЕУ останува цврсто посветена на итно искоренување на насилството врз жените

Анкета: Повеќето Американци се задоволни од победата и потезите на Трамп при трансферот на власта