Утрински Весник
Свет

Седум мексикански фудбалери осудени на вкупно 57 години затвор поради местење натпревари

Maroko Argentina Fudbal Pariz 2024.png

Седум мексикански фудбалери од два клуба од мексиканскиот шампионат од трета лига се осудени на вкупно 57 години затвор, откако беа прогласени за виновни за местење натпревари заради обложување, објавија локалните медиуми.

Шест од играчите играат за тимот на Реал Аподака, а еден е од Корекаминос УАТ.


Ниту Мексиканската фудбалска федерација (ФМФ) ниту некој од газдите на двата дотични клуба не ги соопштија имињата на виновниците, ниту пак соопштуваат со кои натпревари се манипулирало за профит од обложување.

Еден играч на Аподака и еден од Корекаминос се казнети со по 16 години. Уште тројца играчи добија по седум години суспензија од фудбалот, а останатите двајца по две години.

Реал Апoдaка – основан во 2023 година во Нуево Леон во северно Мексико, веќе ослободи шест играчи од својот тим оваа недела. Не е јасно дали истите се посочени и во одлуката на Дисциплинската комисија на Федерацијата.

Според медиумите во Нуево Леон, играчите на Реал Ападока ги губат натпреварите со два или повеќе гола разлика како неодамнешен тренд. 

Можете да прочитате

Бела жена во САД роди црно дете: При вештачко оплодување била направена замена на примероците

Ватикан се подготвува за смртта на папата

САД означиле повеќе нарко картели како глобални терористички организации