Утрински Весник
Македонија

Седум активни пожари во моментов, шест под контрола

454003636 803280231991943 4676304320397472895 N.jpg

До 13 часот денеска, евидентирани се вкупно 16 пожари на отворен простор. Од нив, седум се активни, шест се под контрола, три изгаснати, соопшти директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов.

Како што информираше Ангелов, активни се пожарите во општините Македонски Брод – еден кај селата Тажево и Брезница – крак кон „Јасен“, втор кај селото Слатина, Охрид – на територија на Галичица, Чашка – кај селата Папрадиште и Ореше, Петровец – кај село Градманци. Потоа, пожарот на територија на општините Демир Хисар и Охрид – Илинска Планина, кај селата Витово, Базерник, Мало Илино и Брежани. Активен е и пожарот во регионот на општините Богданци и Дојран, кај селото Фурка.

Под контрола се шест пожари во општините Делчево, Охрид, Пласница, Пробиштип, Студеничани и Зелениково.

Изгаснати се три пожари. Еден на територија на општина Валандово – кај селото Пирава, два во гостиварскиот регион – кај населбата Питарница и село Градец.

Можете да прочитате

(Видео) Со колони знамиња прославено во Скопје Денот на албанското знаме

Јаневска: Директорот во студентскиот дом „Пелагонија“ набавил пилешко по цена од 570 денари за килограм

Ратите за новите автобуси ќе се отплаќаат од 2028 година, најавува премиерот Мицкоски