Утрински Весник
Македонија

Седница на партиското Собрание на Алијанса за Албанците

20260215195426 big 730x400 92.webp.webp

Алијанса за Албанците денес ја одржа VI-тата седница на партиското Собрание. Седницата ја водеше претседателот на Собранието, г. Назим Таипи, а присуството на членовите беше целосно, што ја одразува важноста на политичкиот и организацискиот момент за партијата.

Во своето обраќање, претседателот на АА, Арбен Таравари, ја нагласи важноста од работата на терен, зајакнувањето на структурите и понатамошната консолидација на партијата како сериозна политичка алтернатива.

На почетокот на работата на Собранието официјално беше констатирана колективната оставка на Централното претседателство, од 15 јануари 2026 година. Пред делегатите, од страна на шефот на изборниот штаб на АА, проф. Халил Снопче, беше презентиран извештајот за локалните избори 2025–2026, при што беа анализирани резултатите, соработките и предизвиците на изборниот процес. Исто така, беше разгледан и извештајот на Асамблејата на жените.

Собранието донесе одлука за свикување на редовен Конгрес на Aлијанса на Албанците и го избра Организацискиот одбор кој ќе се занимава со неговата подготовка. За претседател на Организацискиот одбор на Конгресот беше избран Валбон Лимани, а за секретар Гезим Кадриу. Членови на Одборот се пратениците Халил Снопче, Садик Сулејмани, Ријад Шаќири, координатори на единиците, претставници на Асамблеја на жените, Младинскиот форум и други членови од соодветните единици. Организацискиот одбор во најкраток рок ќе го утврди датумот на Конгресот и ќе започне со подготовките за негово организирање.

Како важна точка од дневниот ред беше презентацијата на Нацрт-документот за изработка на Стратегијата на АА 2026–2036, документ кој ќе ја утврди политичката, организациската и програмската ориентација на партијата за следната деценија. Беше формирана четиричлена комисија за спроведување на овој процес, во која ќе бидат вклучени и надворешни експерти. Во суштина, стратегијата има за цел внатрешна консолидација и долгорочно политичко репозиционирање на партијата, градејќи се како идеолошки и програмски документ. Покрај стратегијата ќе биде изработена и Политичката програма 2026–2030.

На Собранието се дискутираше и за актуелните политички случувања и за позиционирањето на партијата во периодот што следува. VI-тата седница на Собранието беше оценета како важен чекор кон целосна реорганизација и јасно дефинирање на политичкиот курс на Aлијанса на Албанците.

Можете да прочитате

Поради сообраќајка блокиран сообраќајот на регионалниот пат Куманово – Крива Паланка, кај м.в.„Св.Петка“

УХМР: Претпазливо движење покрај реките и сууводолиците низ земјава

Таравари очекува предвремени парламентарни избори