Утрински Весник
Македонија

Седница на Генералното собрание на ЗЕЛС

Zels.webp.webp

Заедницата на единиците на локалната самоуправа (ЗЕЛС) денеска ќе ја одржи шестата седница на Генералното собрание на која ќе се дискутира за актуелните предизвици со кои се соочуваат единиците на локална самоуправа. 

Делегатите на ова највисоко тело на ЗЕЛС, составено од сите градоначалници во земјава, како и од членовите на Комитетот на советите при ЗЕЛС, како што е најавено, ќе ги разгледаат и важните извештаи од работењето на Заедницата.

Од ЗЕЛС соопштија дека пред делегатите ќе се обрати претседателот на Заедницата, Орце Ѓорѓиевски, како и мандатарот за формирање на нова влада, Христијан Мицкоски, кој ја прифатил поканата од ЗЕЛС да ги изнесе ставовите и заложбите на идната извршна власт за обезбедување на взаемна соработка за унапредување на процесот на децентрализацијата на власта во земјата и обезбедување на подобра финансиска стабилност на општините.

Можете да прочитате

ИКС: Во пресрет на изборите е потребна мобилизација за справување со странско мешање

Работна средба Минчев – Скот Хејзлет, акцент ставен на активности за отворена, транспарентна и отчетна власт

Татко и двајца синови осомничени за насилство на гробишта во Бутел