Утрински Весник
Економија
300x250 opst2

Се зголемуваат цените на горивата

Поскапуваат бензините и дизелот
300x250 opst2

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,72 % во однос на одлуката од 24.7.2023 година.

dobivaj vesti na viber

Малопродажните цени на бензините „евросупер БС-95“ и „евросупер БС-98“, како и на „евродизелот (Д-Е V)“ и на екстра-лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат 2,00 денара/л.

Малопродажната цена на „мазутот М-1 НС“ се зголемува 1,337 денар/кг и сега ќе изнесува 42,338 денара/кг.

Од 28.7.2023 година од 00.01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

моторен бензин „евросупер БС-95“ – 84,50 (денари/литар)

моторен бензин „евросупер БС-98“ – 86,50 (денари/литар)

дизел-гориво „евродизел БС (Д-Е V)“ – 74,50 (денари/литар)

масло за горење екстра-лесно 1 (ЕЛ-1) – 73,50 (денари/литар)

„мазут М-1 НС“ – 42,338 (денара/килограм)

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините 3,969 %, кај дизелот 4,065 %, кај екстра-лесното масло зголемувањето е 4,410 % и кај мазутот зголемувањето е 3,245 %.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок 0,782 проценти.

Можете да прочитате

Формирани четири нови групации во Сојузот на Стопански комори на Македонија

Мицкоски се сретна со српскиот премиер Мацут

ИСОС првпат на глобалната конференција за сметководствени стандарди