Утрински Весник
Економија

Се зголемува цената на горивата

Поскапуваат бензините и дизелот

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,22 % во однос на одлуката од 3.3.2023 година.

dobivaj vesti na viber

Малопродажните цени на бензините „евросупер БС-95“ и „евросупер БС-98“ и на екстра-лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат 1,00 денар/л, а малопродажната цена на „евродизелот (Д-Е V)“ се зголемува 0,50 денари/л.

Малопродажната цена на „мазутот М-1 НС“ се зголемува 0,722 денари/кг и сега ќе изнесува 41,988 денар/кг.

Од 7.3.2023 година од 00.01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин „евросупер БС-95“ – 82,50 (денара/литар)

Моторен бензин „евросупер БС-98“ – 84,50 (денари/литар)

Дизел-гориво „евродизел БС (Д-Е V)“ – 78,50 (денари/литар)

Масло за горење екстра-лесно 1 (ЕЛ-1) – 78,00 (денари/литар)

„Мазут М-1 НС“ – 41,988 (денар/килограм)

Можете да прочитате

Дурмиши: Oд март 2025 зголемување на минимална плата

УПОЗ не отстапува од барањето за покачување на минималната плата на 450 евра

Се подготвува новогодишната кошничка: Околу 600 производи еден месец ќе бидат по намалена цена