Утрински Весник
Свет

Се запали траект на Филипините, крајбрежната стража спаси 120 луѓе

Се запали траект на Филипините, крајбрежната стража спаси 120 луѓе

Спасени се сите 120 лица на траектот што денеска се запали на море во централниот дел на Филипините, соопшти крајбрежната стража. Бродот M/V Esperanza Star, со 65 патници и 55 офицери и членови на екипажот, се запалил додека пловел од јужниот остров Сикијор кон блискиот остров Бохол, соопшти крајбрежната стража.

dobivaj vesti na viber

Пожарникарите на крајбрежната стража на друг брод употребија воден топ за да го изгаснат пожарот, изјави портпаролот. Причината за пожарот сè уште не е позната. Не е соопштено каде се спасените патници и членови на екипажот и каква е нивната состојба.

Филипините, архипелаг со повеќе од 7.600 острови, имаат лоша поморска безбедност, со бродови кои често се преполни и многу стари.

Во март, ферибот со околу 250 луѓе се запали и на југот на Филипините, при што загинаа повеќе од дваесет луѓе, меѓу кои и едно шестмесечно бебе.

Можете да прочитате

Шикорски: Полска нема да им даде на САД бази за напади врз Иран, ниту ќе испрати војници

Фидан: Турција нема да дозволи планови за поттикнување граѓанска војна во Иран

ИДФ го погодиле нуклеарниот комплекс Телеган, крај Техеран