Утрински Весник
Економија

Се замрзнуваат цените на тоалетната, влошките, влажните марамици, пелените

Се замрзнуваат цените на тоалетната, влошките, влажните марамици, пелените
Dik 300x250 mk

Владата ќе ги замрзне цените на хигиенските производи. Ова ќе значи одредување на највисока цена по која може да се продаваат продуктите. Министерот за економија, Крешник Бектеши, посочи дека станува збор за: „тоалетната хартија, влажните марамици, пелени за деца и возрасни, хигиенски влошки“.

dobivaj vesti na viber

„Намалувањето ќе биде 13 отсто од цените кои биле во трговија во мало на 20 март оваа година. Одлуката се носи врз основа на анализи“, додаде Бектеши.

„Од периодот од 1 март до 24 март 2023 год, цената на тоалетната хартија се движела од 94,8 до 205 денари и на оваа цена кога ќе се пресмета и ДДВ би се движела од 111,8 денари до 241,9 денари, а главно повеќе од сите овие производи повеќе од 85% се увезени во нашата држава. За влажни марамици во просек цената се движела од 94,6 денари во јануари, 94,5 во февруари и 83,2 денари во март 2023 година каде имаме царинска ставка ОД 6% И не е вклучено ДДВ. За пелени цената се движи 36 денари по парче до 1600 ден по кутија со бројни пакувања и тука не е вклучено ДДВ“, додаде Бектеши.

Тој кажа дека Владата е подготвена да се откаже од ДДВ-то за овие производи, но за тоа треба да одлучи Собранието.

„Зошто го напоменувам ДДВ, за жал во собраниска процедура од 12 месец имаме законско решение за овие производи да се решат дадолгорочно во делот на намалување на ддв од 18 на 5% и ден денес не е свикана комисија за финансирање и буџет се со цел да се усвои тоа законско решение“, додаде министерот.

Можете да прочитате

Привршуваат подготовките за откупот на тутунот

Расправа за Предлог-буџетот за 2026 година во матичната собраниска комисија на 14 ноември

Инфлација зголемена на 4.5%, граѓаните скапо ги чинат промашените економски политики на власта, велат од СДСМ