Утрински Весник
Македонија

Се врати зимата: Викендов утринските температури ќе бидат плус еден степен

Studeno Vreme.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

За време на овој викенд (сабота и недела 17/18 мај) во нашата Република Македонија во ноќните и во раните утрински часови ќе имаме значително поладно време, со температури кои ќе се спуштаат во интервалот од 1 до 8 степени, додека на повисоките и на планинските места температурите очекувам да се спуштат и за некој степен под нулата. Особено на повисоките населени места и на планините ќе има и појава на слаб утрински мраз.

Преку денот пак времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а само локално ќе има услови за краткотраен дожд. Максималните дневни температури пак ќе бидат во постепен пораст, па така тие, особено во недела ќе се искачуваат во интервалот од 15 до 23 степени.


И во Скопје и околината ќе имаме многу слично време како и во другите делови од нашата Република Македонија.

Можете да прочитате

Постуден јануари со можни снежни бранови низ регионот

Пијан таксист вечерва прегазил млада девојка во Кисела Вода

Експлозија на електричен бојлер повреди маж во Свети Николе