Утрински Весник
Економија

Се воведува авионска линија Скопје-Сплит од 12 мај

Се воведува авионска линија Скопје-Сплит од 12 мај

Хрватскиот национален превозник, Croatia Airlines, ќе воведе нова сезонска авиолинија на релација Скопје–Сплит, од 12-ти мај годинава, најавува ТАВ Македонија, откако авиокомпанијата ги закажа летовите меѓу Меѓународниот Аеродром Скопје и аеродромот во Сплит.

dobivaj vesti na viber

Авиокомпанијата ќе лета меѓу главниот град на Македонија и туристичкиот центар на Далмација во текот на летната сезона, од 12-ти мај до 14-ти октомври 2023 година.

Во овој период, Croatia Airlines ќе сообраќа со воздухоплов Dash 8-Q400, со капацитет од 76 седишта, два пати неделно, секој вторник и петок. Времето на пристигнување во Скопје ќе биде во 23:25 часот во вторник / 23:00 часот во петок, додека времето на заминување ќе биде во 5:45 часот, и во среда и во сабота. Времетраењето на летот меѓу Скопје и Сплит е околу 1 час и 25 минути.

За да го означи воведувањето на новата сезонска авиолинија Скопје-Сплит, Croatia Airlines ќе им понуди на патниците 15 отсто попуст за купување авионски карти во периодот меѓу 15-ти и 21-ви март, и за билетите во една насока и за повратните билети.

Промотивниот попуст ќе биде достапен на сите продажни места на Croatia Airlines, вклучително и за онлајн купување преку веб-страницата на Croatia Airlines (www.croatiaairlines.com) и преку мобилната апликација со внесување на промотивниот код SKOPJE15, како и на шалтерот на Croatia Airlines на Меѓународниот Аеродром Скопје.

Попустот се однесува на основната цена, додека аеродромските такси и другите надоместоци остануваат исти и се плаќаат во целост.

Сплит ќе биде втората дестинација во Хрватска со која Меѓународниот Аеродром Скопје ќе биде поврзан. Хрватската национална авиокомпанија лета на релација Скопје–Загреб секој ден.

Можете да прочитате

Тему достапна и во Македонија, ниски цени и бесплатна достава, квалитетот дискутабилен

Стојаноски: СДС единствено што остави на државата е долг на идни поколенија

Ангеловска-Бежоска во колумна за „Топ 100 извозници”: Извозот на услуги станува сѐ позначаен двигател на економскиот раст