Утрински Весник
Магазин
300x250 opst2

Се венчаа мис Аргентина и мис Порторико

Се венчаа мис Аргентина и мис Порторико
300x250 opst2

Маријана Варела и Фабиола Валентин, мис Аргентина и мис Порторико, го врзаа јазолот.

dobivaj vesti na viber

Маријана ја сподели веста на „Инстаграм“ со низа фотографии, а венчавката ја опиша како посебен ден.

Според нејзината објава, тие се венчале на 28 октомври. Веста ја сподели и Фабиола на својот инстаграм-профил.

Девојките се запознале на изборот за убавина Miss Grand International 2020, но нивната врска ја чувале во тајност, дознава „Хола“.

Во објавата на социјалната мрежа двете споделија моменти од нивната врска вклучувајќи заеднички патувања, денот на свршувачката, прстените…

 

Инаку, Маријана ја претставуваше Аргентина на изборот за мис универзум 2019 година и се најде меѓу најдобрите 10 на изборот за мис гранд интернационал 2020. Како модел работеше со многубројни агенции и беше модел за разни кампањи.

Фабиола ја освои титулата мис Порторико во 2020 година.

Можете да прочитате

„ГРАДОНАЧАЛНИК“ – нова едукативна онлајн игра за млади

ПВЦ прозорите имаат зимски и летен режим, еве како да го подесите

ЉУБОВЕН ХОРОСКОП ЗА ОКТОМВРИ 2025 ГОДИНА: Кој донесува важни одлуки, а кого го чека љубов како од бајка?