Утрински Весник
Македонија

Се уште не се знае дали ЗНАМ и ВМРО-ДПМНЕ заеднички ќе настапат во Куманово и Центар, Мицкоски вели преговорите се движат во одлична насока

Mickoski 2.jpg

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека преговорите со коалициските партнери за заеднички настап во одредени општини на локалните избори во октомври се движат во одлична насока, но понатаму избегнува одговор на прашањето дали во Куманово и во скопската општина Центар ќе одат со заеднички кандидат со Движењето ЗНАМ – За наша Македонија.

„Кога ќе имаме повеќе детали ќе излеземе во јавноста со информации“,


рече премнирот, одговарајќи на новинарско прашање дали ќе предложат заеднички кандидат со ЗНАМ за Центар и Куманово.

Преговорите со политичките партии, како што кажа тој се во тек, а приоритет, според него, него се разговорите со оние од внатрешната коалиција предводена од ВМРО-ДПМНЕ – „За твоја Македонија“.

Очекувањата на Мицкоски се оваа коалиција да биде потврдена, по што ќе продолжат разговорите со партиите од владината коалиција – ЗНАМ и ВЛЕН.

„Сите политички партии коишто се дел од нашата внатрешна коалиција се наш приоритет и тие се во тек, се разговара. Очекувам коалицијата да биде потврдена, а потоа ќе продолжат преговорите со нашите колациски владини партнери. Во овој момент мислам дека се движат во одлична позитивна насока“,

изјави денеска Мицкоски, одговарајќи на новинарксо прашање за време на настанот во Царинската управа.

Минатата недела Мицкоски, исто така одговарајќи на новинарски прашања изјави дека со ЗНАМ е постигнат принципиелен договор, односно партијата на кумановскиот градоначалник да настапи со свои советнички листи, додека коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ со свои.

Во оние општини каде ќе одлучат да поддржат кандидат, било да е од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ или од ЗНАМ, едната и другата партија нема да истакнуваат посебни кандидати, туки ќе се поддржат меѓусебно.

Можете да прочитате

Уставниот суд оформил 71 нов предмет во второто тримесечје од 2025

УХМР: Утре попладне наместа нестабилно, во среда и четврток ќе биде многу топло

Николоски: Кон крајот на летото очекувам да пуштиме за сообраќај уште еден дел од автопатот Кичево – Охрид