Утрински Весник
Македонија

Сè уште наизменично движење на автомобили во двата правца кај „Блаце“ и забрана за камиони

Fb img 1751902206377.jpg

Сè уште трае наизменичното движење на патнички моторни возила во двата правца кај граничниот премин „Блаце“, соопшти АМСМ.

За тешките товарни моторни возила важи целосна забрана за сообраќај.


МВР веќе информира дека поради пожарот над селото Чучер, целосно е прекинат сообраќајот кон граничниот премин „Блаце“, а преминот е воедно и затворен.

Според последните информации на ЦУК, пожарот е лоциран меѓу селата Блаце и Чучер во општина Чучер Сандево, се уште е активен, а горат мешана шума и ниска вегетација. Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов преку видео изјава од Чучер порача дека нема реална опасност од ширење на пожарот, како и дека нема потреба од паника.

Можете да прочитате

ЦУК предупредува: Нѐ очекува невреме со ветер со брзина од 70км/ч

Нова војна на естрадата: Или ќути или ако прозборам ќе се селиш од државата се закани Боки 13 на Лазаров (ВИДЕО)

Викендот ни носи значително свежо време, особено наутро и под 10 степени!