Утрински Весник
Свет

Се урна руски воен транспортен авион

20221113163744 big 730x400 31.webp.webp

Руски воен транспортен авион се урна во северниот регион Иваново. Во авионот имало седум лица, соопшти денеска руското Министерство за одбрана.

Дневниот весник „Комерсант“ објави дека сите патници загинале.

Според извештаите, во тек е операција за пребарување и спасување во ненаселеното подрачје.

Авионот „Антонов Ан-22“ е развиен за време на советската ера во 1960-те. Според медиумските извештаи, ова бил последниот авион од овој тип што го користела руската војска. Ан-22 се користи за транспорт на голем воздушен товар, но и за падобрански операции.

Министерството за одбрана на Русија соопшти дека авионот се урнал за време на редовен лет по извршени поправки.

Можете да прочитате

„Вашингтон пост“ почна со отпуштања вработени во речиси сите редакции во обид да ги намали загубите

Жените во Иран сега имаат право да возат мотоцикли и скутери

Кремљ ги потврди контактите со официјален Париз за можна средба Путин – Макрон