Утрински Весник
Свет

Се урна приватен авион во Северна Каролина

Avion.jpg

Повеќе лица загинале при уривање на приватен авион „Цесна С550“ во близина на регионалниот аеродром Стејтсвил во американската сојузна држава Северна Каролина, јавуваат американски медиуми. Несреќата се случила околу 10:15 часот по локално време, кога леталото се урнало во близина на пистата и се запалило.

Снимките од местото на настанот покажуваат густ црн чад што се издигал од остатоците на авионот. Од канцеларијата на шерифот во округот Иредел потврдија дека има повеќе жртви, но засега не соопштуваат точен број. Деталите за бројот на патници и идентитетот на загинатите дополнително ќе ги соопшти полицијата на Северна Каролина.

Можете да прочитате

Зеленски: САД дава сигнали за продолжување на мировните преговори со Русија

Белорусија ослободи 250 политички затвореници

Русија најавува помош за Куба во услови на блокада